Направете едноставна и многу ефикасна портокалова свеќа која ќе го декорира вашиот дом за време на зимските ноќи и ќе ја наполни внатрешноста на домот со свежа арома.
Портокаловата свеќа не само што е прекрасна декорација, туку и ќе го наполни ентериерот со прекрасен мирис од ароматичните каранфилчиња.
За да го направите овој свеќник ви треба:
портокал
каранфилчиња
мала свеќа
молив
нож,
лажиче
чепкалка за заби
Одберете убав портокал, со прилично правилна топчеста форма и нацртајте го со молив обликот на свеќата на кората.
Исечете го обликот со нож и со лажиче отстранете ја кожата и месото на плодот до длабочината на свеќата.
Со помош на чепкалката за заби, направете дупки во портокалот, според одбраниот модел.
Ставете во дупките ароматични каранфилчиња и направете украсни шари.
Уживајте во добро друштво и чаша топло вино!