Ако некогаш сте биле на крстарење, тогаш знаете дека целото патување се врти околу дестинацијата …
Се разбира, некои крузери ветуваат незаборавно искуство и ниво на луксуз што многумина од нас можат само да сонуваат, но вистинската забава започнува тогаш, кога ќе се искрцате од бродот, откривате нов град, плажа и слично.
Norwegian Bliss е масивен крузер кој има за цел да го смени сето тоа и да го направи патувањето искуство за паметење, кревајќи ја забавата на бродот на едно сосема ново ниво.
Norwegian Bliss има најголема тркачка патека, воден парк со тобогани, арена за ласерски тагови и многу повеќе. Таму има настапи во живо на бројни забавувачи, а исто така има и спа центар, голем број на барови и ложи, додека личниот консиерж и батлер се на ваша услуга за да се погрижат секоја ваша желба да биде исполнета.
Опремен со необични атракции, овој крузер ќе ви докаже дека никогаш не може да ви биде здодевно на палубата. Тој нè потсетува на пловечко луксузно одморалиште, кое многу веројатно, барем во еден дел од себе, нема да сака да го напушти..
Овој брод ќе ги посети Карибите и Аљаска за време на претстојното лето …