Марија Грација Кјури, уште еднаш ни покажа многу интересна модна колекција …
Оваа дизајнерка која работи за модната куќа Диор, е една од првите која своите силни феминистички ставови ги изразува преку облеката. Од нејзината прва презентација за овој луксузен бренд, сите знаеја дека Марија ќе биде вистински авторитет во модната индустрија. За колекцијата есен 2018, таа креираше омаж за нејзините две главни агенди: моќните жени и наследството на Кристијан Диор.
Овој пат, инспирацијата и беше уметницата Клод Кахун, кој потекнува од Франција, се занимавла со вајарство, фотографија и пишување, а посебно е позната по нејзиниот надреален пристап кон уметноста. Нејзиното вистинско име е Луси Швоб, но таа го заменила бидејќи не сакала да биде дефинирана врз основа на сопствениот пол, изглед и име.
Марлен Дитрих е втората муза на Мрија Кјури, која ја инспирираше со својот стил. Поради оваа причина, дизајнерката одлучи да и даде повеќе машки кроеви на новата колекција, фокусирајќи се на потемни нијанси, како што се црна, сива и тегет, со делови во бела, крем и камел.