Prada ја лансираше новата модна кампања пролет-лето 2018 година.
Наречена ‘Black Nylon’, првата инсталација во сезоната, беше снимена во Лос Ангелес, а ѕвездите на кампањата се: Anok Ji, Fran Samers, Alisa Traore…
Невообичаено е што кампањата е снимена во текот на ноќта, најверојатно, инспирирана од врската помеѓу темната ноќ и името Black Nylon. Пролетната сезона има многу модели инспирирани од машките кроеви, вклучувајќи мантили, кошули со штрафти и јакни без ракави.