Одбележувајќи го италијанското наследство, Dolce & Gabbana не водат во Венеција кадешто е снимена рекламната кампањата за пролет-лето 2018 година.
Познатиот италијански бренд покажа гламур обоен со локалните бои и традицијата, така што моделите се возат во гондола, јадат традиционални тестенини и сето тоа во ликсузни фустани.
Судејќи според фотографиите, се “блеска” од бои и принтови. Најмногу ни се допаѓаат свилените фустани со цветни мотиви и атрактивен вез. Во рамките на кампањата беа презентирани нови рамки на очила, како и супер елегантни чанти.