Опра Винфри е личност која го обликуваше “ток-шоу” форматот и која засекогаш ќе остане омиленото телевизиско лице на милиони луѓе.
Нејзината напорна работа и нејзините извонредни социјални вештини ја доведоа во ситуација да многу луѓе веруваат во тоа што ќе го каже, дури и ако тие не се согласуваат со неа.
Исто така е позната по тоа, дека често дели совети за различни теми, а најмногу за оние, поврзани за самодовербата и желбата да се живее посреќен и похармоничен живот.
Таа неодамна токму на таа тема имаше што да им препорача на читателите на американското издание на магазинот Vogue.
Таа наведе пет едноставни правила на кои секојдневно се придржува, што секогаш имаат позитивен ефект на нејзиниот живот.
Клучот е во балансот: можам да јадам сè што ќе посакам, но не морам да јадам сè што сакам, истовремено. Тоа е целата филозофија на животот, можете да добиете сè, но не веднаш, рече Опра.
Повлекување од поставените норми на убавина: “Деновите кога бев опседната со тоа дека сум премногу слаба, одамна минаа, како и деновите во кои сакав да постигнам одреден стандард, кога станува збор за физичкиот изглед. Сега, себе си сум си најубава, кога добро се чувствувам”.
Најдете време за себе: “Јас секогаш наоѓам начин, да барем еднаш во текот на денот бидам сама со себе. Ако зборуваме за идеалното сценарио, тоа изгледа вака – 20 минути за мене наутро, а потоа уште 20 минути во вечерните часови”.
Утра со благодарност: “Јас никогаш не го навивам алармот, не верувам во него и не ми пречи. Наместо тоа, се будам околу шест часот, бидејќи моите кучиња се навикнати на таков ред”. Првата моја мисла по будењето секој ден е: Жива сум. Благодарам! ”
Живот во сегашноста: “Вдишете, издишете и потсетете се дека овој момент е единствениот што го имате и единствениот кој го знаете”.
Опра Винфри нè потсети на нешто, што повеќето од нас, колку и да е важно, најчесто го забораваме.