Оваа комбинација на топло чоколадо и еспресо е најпопуларна во Шпанија!
Состојки:
150 милилитри варена вода
50 грама темно чоколадо-рендано
300 милилитри млеко
60 мл свежо подготвено еспресо
30 грама неутрално какао во прав
30 грама кафен шеќер
1 лажица рендана кора од портокал
30 грама шлаг пена
Начин на подготовка:
Итурете го ренданото темно чоколадо во садот со зовриената вода и мешајте додека не се растопи. Додадете го млекото, подготвеното еспресо, какаото, кафениот шеќер и ренданата кора од портокал. Сите состојки се готват на средна температура, лесно мешајќи. Потребно е околу пет минути готвење или додека меурчиња не се формираат на работ на садот во кој готвите.
Кога топлото чоколадо е подготвено, пресипете го во 4 чаши, а потоа ставете една лажица шлаг пена над топлото чоколадо.
Топлото чоколадо украсте го со кокос во прав или други состојки по ваша желба.