Луксузен бренд кој го обожуваат познатите и кој беше еден од најомилените на почината британскa принцезa Lady Di, започна нова кампања.
Јimmy Choo го слави гламурот во новата кампањата пролет-лето 2018 година. Ѕвездата на кампањата е Anja Rubik, која го користи својот глам фактор позирајќи пред леќата на фотографот Kreg Mekdin. Полската убавица е елегантно облечена, презентирајќи ги омилените модели како што се Micky, Shar и Lane.
Судејќи според фотографиите, се чини дека познатиот бренд ни подготви чевли кои се во неутрални тонови со секси силуета и модерен дизајн. Акцентот е на сандалите и чевлите со отворена пета, како и на мали чанти кои ќе ја привлечат софистицираната клиентела на брендот.
Исто така, презентирани се и новите модели на очила за сонце и вид.