Велат дека Рим не е изграден во еден ден, но оваа куќа е. Поточно, во една четвртина од денот, потребно е само 6 часа за да го имате вашиот дом од соништата.
Како е можно така брзо да се изгради куќа, а по цена само малку повисока од 27 000 евра? Одговорот е MADI ” Modulo Abitativo Dispiegabile ‘. Куќата доаѓа составена во плочи и откако ќе биде донесена на лице место, подигањето од земја до покривот трае само неколку часа. За составување на целата конструкција, потребен е кран.
Откако е крената, потребни се само 3 лица за да ги завршат останатите работи. Бидејќи конструкцијата е базирана на техника на имплементација, куќата е адаптивна, се проширува и е пренослива. Можни се 5 различни тлоцрти. Најмалата единица има 27 квадратни, а најголема со две одделни спални има околу 70 квадратни и чини 60.000 евра.
Освен тоа, куќата е отпорна на земјотреси.