Можеби сте слушнале за палео, палеолитска диета, која има за цел да ви помогне да изгубите на тежина и да бидете здрави преку менито, што е слично на тоа кое го практикувале нашите пештерски предци …
Оваа диета сигурно била инспирација на многу луѓе, а просторот на една пешетера од палеолитскиот период, го инспирираше токијскиот архитект Ryoji Tadokoro. Тој дизајнираше ресторан наречен Nikunotoriko, кој се наоѓа во токијскиот Ropongi distrikt и секако нè потсетува на пештерите.
На првиот кат на овој ресторан, архитектот користел специјално стакло за да го истакне каменот во целиот ентериер. Таму се наоѓа огромна стаклена маса долга 6,5 метри, со интересни дезени кои не потсетуваат на чад.
На вториот кат, архитект користел ламинатни OSB панели, кои не асоцираат на песок, додека на највисокиот кат има вистинска џунгла од цевки и зеленило, внесувајќи го ексетриерот во ентериерот.Таму, гостите седат на перници на подот, околу маси за јадење.