Секоја пролет и лето во колекциите на најпознатите модни брендови се појавуваат нови модели на балетанки.
Станаа класика, исто како и чевлите на високи пети на кои тешко може да им се одолее. Дизајнерите се обидуваат да презентираат различни модели секоја година, со полукружен врв, со еластични ленти, но и модели со остар врв, кои се актуелни неколку сезони.
Оваа пролет и лето се најмодерни балетанки со остар врв украсени со пертли, ленти или ремени околу зглобот.
Дури и познатиот “чевлар” Christian Louboutin е маѓепсан со балетанките и ни претстави цела линија на балетанки за новата сезона.
Ако ја разгледаме понудата на модните брендови Зара, Манго и други, ќе видите дека балетанките со остри врвови исто така доминираат на полиците.
Одбравме 10 модели за вас, а некои од нив, ќе можете да ги најдете во продавниците и кај нас.