Дозволете да Ви ги претставиме победниците на нашиот неделен фото натпревар на Instagram!
Стефанија Шутарова
Стефанија Шутарова е аматер чиј предизвик за фотографирање се пејсажите и зајдисонцето.
Фотографијата е фотографирана со мобилен телефон на 1 јануари во Богданци. Едитирана е со минимални корекции во апликацијата Snapseed и претставува прво зајдисонце во новата 2018 година
Контакт со Стефанија можете да воспоставите преку нејзиниот Facebook и Instagram.
Емили Здравковска
Емили Здравковска ја сака фотографијата од 14 години ( сега има 21). На фотографирањето гледа како хоби што секогаш ja исполнува и го правi со љубов и уживање. Сака да фотографира буквално сè, а најомилени и се фотографиите кои се спонтани и природни. Се што го привлекува нејзиното око и смета дека е убаво таа го овековечува во слика, а најголем предизвик и е да фотографира луѓе на улица кои се тотални странци за неа и за момент да ги „замрзнам” нивните експресии на лицата.
Kонтакт со Емили Здравковска можете да воспоставите преку меил emilizdravkovska@yahoo.com или на нејзниот персонален инстаграм Instagram или @capturedbysomeone .
Никола Стефков
Никола Стефков е аматер фотограф за кого фотографирањето претставува хоби преку кое ја експресира својата креативност. Фотографијата е направена на random улица во Белград, Србија. Сликана е со професионален апарат а обработена е во Lightroom CC мобилна апликација.
Контакт со Никола можете да воспоставите преку неговиот e-mail (nstefkov.ns@gmail.com) и преку неговиот Instagram.
За да учествувате на нашиот неделен натпревар треба само да не означите на Вашата фотографија (@divian.arts) и во описот да го вметнете нашиот хаштаг (#divianarts).