Кампањата за новиот парфем Sexy Ruby, потпишанa од Michael Kors, е исто така – секси.
Заштитното лице Edita Vilkeviciute, изгледа заводливо како црвен рубин.
Облечена во црвено, носи скарлетно црвен кармин, прстен со црвен рубин и емитува чист сексапил.
Парфемот е опишан како заводлив овошен мирис со горни ноти од малина и кајсија, додека средните ноти се од јасмин и ливчиња од роза. Базната нота на овој парфем е кашмир.
Кампањата беше фотографирана од познатиот Марио Тестино, а во следново видео, погледнете го заводливиот изглед на Едита.