Веруваме дека и вие сте нафрлиле некој килограм повеќе од зимскиве празници и дека и на вас како и на нас, ви е потребена детоксикација. Поради оваа причина, ви нудиме пијалок кој ќе ви помогне побрзо да ги изгубите килограмите, но исто така, ќе направите целосна детоксикација на вашето тело.
Напивката од ѓумбир и лимон е лесно да се направи, а е одличен избор за чистење на телото од отрови. Сем што го забрзува метаболизмот, овој пијалок, исто така, го подобрува намалувањето на тежината. Ѓумбирот е моќен антиоксиданс кој ја подобрува функцијата на црниот дроб, а исто така помага и кај надуеноста и го забрзува дигестивниот систем, додека лимонот има диуретички својства што го стимулира исфрлањето на токсините од телото. Освен лимонот и ѓумбирот, како детокс пијалок со вода, можете да комбинирате свежи краставици, лимон и нане.
Овој чудесен пијалок може да послужи како детоксикација и припрема за диета, но исто така и како брз и едноставен здрав утрински ритуал кој ќе ви помогне да го исчистите телото од токсини акумулирани за време на празниците. Рецептот е многу едноставен, а подготовката трае само 5 минути.
Состојки:
– 3 дцл вода – собна температура
– половина исцеден лимон
– 1см корен од ѓумбир
Подготовка:
Додадете го лимонот и ситно исеканиот ѓумбир во чашата со вода, оставете го малку да отстои и потоа испијте го. Ако сакате, можете да го засладите со малку мед и да додадете неколку ливчиња нане.