Не брзајте со фрлање стари ЦД-а. Од нив можете да направите вистински ремек-дела!
Сите во домот или канцеларијата имате непотребни ЦД-а – скршени, изгребани или оштетени кои веќе не можат да се користат. Ако сте решени да го средите својот дом и сите непотребни ЦД-а да ги фрлите во ѓубре, погледнете што се може да се направи од нив.
Авторот на овие неверојатни фигури е Шон Авери. Шон е илустратор на книги за деца и дизајнер од Австралија. Неговата креативност, имагинација и неисцрпна инспирација му помагаат да создаде и направи неверојатни нешта од старите дискови. Тој ги сече дисковите на тенки парчиња и создава невообичаени птици, животни или роботи …
Овие вистински уметнички дела сјаат на сонце и ја рефлектираат светлината, така што ќе ве шармираат со сите бои на виножитото. Можете да ја декорирате вашата градина со нив, со друштво на егзотични птици и инсекти.