Сигурно се прашувате кој материјал ќе ја одбележи 2018 година?
Се работи за рипсениот сомот. Плишот владееше со чевлите, а сега рипсениот сомот ќе го преземе тоа место. Вистинскиот бум допрва се очекува. Ваков сомот сме навикнати да го носиме најчесто на панталони, но исто така и на јакни и здолништа.
Неочекуваното појавување на рипсениот сомот на чевли, дефинитивно ќе донесе допир на нешто ново во нашиот моден живот.
Манго веќе зачекори во новите модни трендови. Белите чевли од сомот се веќе во гардероберите на модните блогерки, а наскоро и во нашите. Белата боја визуелно ја продолжува ногата, а во соработка со петата, дополнително ќе ја продолжи. Благодарение на полната и не премногу висока пета, во овие чевли ќе чекорите безбедно низ градот.