Американскиот дизајнер Michael Kors објави, дека ќе престане да користи крзно во своите колекции за 2018 година. Оваа одлука исто така, се однесува и на брендот Jimmy Choo, купена од Kors во јули.
Но, љубителите на Michael Kors и неговите познати капути, нема да останат со празни раце. Современата технологија овозможува луксузно вештачко крзно, без никој да настрада во процесот на создавање.
Fur Free Alliance почнува да има се повеќе членови, а некои од брендовите кои целосно се откажале од крзно или тоа ќе го сторат во текот на следните неколку години се: Gucci, Ralph Lauren, Calvin Klein, Armani и Tommy Hilfiger.