Изборот на боја на годината за 2018 -та според компанијата Pantone е многу повеќе од главен показател на трендовите во светот на дизајнот и декорот, тој е исконска рефлексија на сите потреби во денешниот свет …
На овој начин можеме да ја цитираме Laurie Presman, потпретседателка на Институтот за боја PANTONE , чија овогодишната драматична и провокативна боја PANTONE 18-3838 Ultra Violet, “ја рефлектира оригиналноста, интегритетот и визионерскиот дух кој своите раце ги насочува кон иднината”.
Комплексна и контемплативна, ултра-виолетовата боја ги сугерира мистериите на космосот, интегритетот на сè што стои зад хоризонтот и откритијата поставени над она што го дефинира нашиот простор.
Бескрајното и широко ноќно небо, симболизира сè што е можно и продолжува да ја инспирира нашата желба да истражуваме друг свет, далеку од за сега, единствениот, што ние го знаеме.