Блогерката и стилистка Кристин Дови, го претвори домот на едно мало семејство во вистинска празнична земја на чудата …
Станот кој го креираше Кристин Дови, од подот до таванот со безвременската црна, со бели и дрвени елементи, благодарение на дизајнерката Стејси Меклин, го направи овој модерен дом како од бајките. Всушност, младото шестчлено семејство што живее таму, ги празнува празниците на многу традиционален начин: тие ги готват заедно оброците во големата кујна, потоа уживаат во блиската трпезарија, за навечер заедно да гледаат филмови со празнична тематика во топилната од каминот.
Како што вели дизајнерката Кристин Дови: “Сакав да создадам природна и топла атмосфера, проткаена со имагинација”. Резултатот е земја на чудата, која е елегантна и рустикална во исто време, сосема неконвенционална и е вистинско олицетворение на магијата на зимската сезона.