Новата колекцијата на FREYWILLE Hommage, со Alphonse Mucha, е една од најубавите колекции. Таа е посветена на ремек -делата на познатиот чешки сликар и најистакнат протагонист на уметничкото движење Art Nouveаu.
Дизајнот на FREYWILLE Poésie d’amour е модерна реинтерпретација на сецесионизмот во кој динамичната, брановидна линија на синкопиран ритам, декоративност и асиметрија се трансформира во суптилни, љубовни стихови во нежните смарагдни и розови тонови. Секоја уметничка минијатура на FREYWILLE е изработена со уникатен и исклучително сложен процес кој опфаќа повеќе од 100 индивидуални чекори, од кои повеќето се рачна работа. Poésie d’amour е првиот дизајн на FREYWILLE во кој емајлот е сместен во рамки на 24k розово злато.