Китењето на елката, отворањето на подароци, пеењето на божиќни песни, фини колачи … новогодишните и божиќни празниците звучат како вистински мал рај. Но, дали е тоа така во реалноста? Се чини дека не е.
Истражувањето спроведено од Асоцијацијата на американски психолози откри дека дури 61 проценти од испитаниците се жалеле на нивниот однос со своите партнери за време на празничната сезона. Повеќе од една третина (35 проценти) од испитаниците исто така, често се бесни и на самите празници. Се прашувате од каде доаѓаат овие негативни емоции во време кое треба да се обележи со мир и радост?
Друга студија од Harris Interactive AG даде одговор на ова прашање. Двојките најчесто за овие празници се караат околу парите. За оваа студија, во врска со кавгите, дури илјада луѓе беа испрашувани. Излегува дека паровите дискутираат за нивните финансии приближно три пати месечно, додека половина од испитаниците велат дека главната причина за овие кавги е неочекуваното трошење пари.
За време на празниците, секогаш се троши повеќе, а со самото тоа и бројот на кавгите значително се зголемува.
Бидете внимателни, не дозволувајте тоа да ви се случи и вам!