Руските дизајнерки и сестри Алис и Џулија Рубан го воодушевија светот, а модата ја кренаа на ново, повисоко ниво.
Колекцијата Ruban Haute Couture е полна со фантазија и е вистинска уметност.
Дел од колекцијата е изработена со сечени ливчиња од свила, со додавање на црни бисери во самото срце на ливчињата. Другиот дел од колекцијата е обележан со проѕирни и магични пердуви, а третиот дел е направен од најдобрите тантели.
Материјали, од кои на сите ни застанува здивот и кои се сами по себе се уметност.