Направете сами шармантна празнична декорација во рустикален стил!
Се разбира, домот не треба целосно да го декорирате во овој стил, посебно ако имате модерен или современ дом. Еклектичниот пристап е многу подобар во овој случај, а допирот на рустика можете да го создадете со користење на дрвена елка. Нејзините едноставни и елегантни линии сугерираат модерен стил, додека нејзината суштинска идеја е базирана на рустикалната привлечност.
Уште една идеја за овој вид на декорација е елка направена од хартија, која е претставена на панел од дрво. За ова, исто така можете да ги користите и дрвените палети, кои досега се покажаа како многу корисен елемент во ентериерот. Уметноста креирана со конец, исто така, носи со себе изобилство на шарм.
Украси наредени во дрвени или картонски кутии со кафена или бронзена боја, исто така, придонесуваат за рустикалниот ефект.
Шишарките се одличен декоративен елемент, без оглед на стилот на вашата празнична декорација, а во рустичниот амбиент совршено се вклопуваат.
Група на шишарки во комбинација со зеленило може да се користи за да се создаде елегантен и празничен декор на трпезата. Со помош на зимзелени гранчиња, можете да креирате гирланда, а потоа да ја декорирате со шишарки, создавајќи така идеален контраст.
Свеќите се задолжителни детали во рустикалните ентериери, како и во било која друга празнична декорација. Ако можете, набавете LED свеќи, ќе ве спасат од ризикот од пожар, но исто така и од чистењето на флеки од восокот.
Празничните венци се класичен дел од новогодишната декорација, а вие можете самите да го направите, уникатен, од гранчиња. Се што ви треба е парче картон, јута, гранчиња, панделки и лепак.
Од неколку парчиња дрво можете да креирате држачи за вашите свечени свеќи.
Овие свеќи идеално се вклопуваат со мини-елки направени од јаже кои се прават многу лесно. Ви треба само парче картон, лепак, јаже и ножици. Можете да додадете малку гламур во нив, ако направете дупчиња и низ нив ги провлчете празничните лампи.