POLO Ralph Lauren ви дава предлози како за време на празниците да бидете средени со стил.
Модниот бренд собра три модни ѕвезди Simon Nessman, Jordan Paris и Don Lee, за новата рекламна кампања.
Се разбира, акцентот е ставен на препознатливото POLO плетиво, тесниот крој на џинсот, како и одважните кроеви на сакоата.
Плишот е материјал кој и во оваа колекција игра многу важна улога, така што можете да ги видите манекените во луксузни плишани сакоа или во лежерна варијанта од кариран твид.
Погледнете исто така, како можете да ги комбинирате фармерките, џемперите и плишаните сакоа.