Стресот и нервозата околу новогодишната ноќ, беа сериозно потценувани. Секој се подготвува за најлудата ноќ во годината на свој начин, некои трошат многу пари на посебен фустан (кој веројатно ќе носат само еднаш), некои трошат повеќе на фризурата, а некои на шминката. Ако оваа година не сакате да потрошите многу пари за професионална шминка, или ако сеуште не сте го смислиле вашиот изглед за Нова Година, ви предлагаме 5 идеи за новогодишната шминка.
1. Таканаречени – Smokey eye
Веќе добро познататото шминкање на очите во стилот – Smokey eye, е еден од најдобрите избори за новогодишната ноќ. Ќе постигнете класичен, но елегантен и предизвикувачки поглед со него.
2. Светки
Што е посоодветно за Нова Година од сенка со светки? Ова е еден од изгледите за Нова Година, за кој повеќето девојки се одлучуваат, а секогаш изгледа совршено.
3. Туш во боја
Ако сакате да направите нешто различно оваа година, експериментирајте со подебела линија со туш и сенка во боја.
4. Црвен кармин
Црвениот кармин е класика, на сите жени им стои апсолутно совршено. Ако се одлучите за црвен кармин, сигурно нема да погрешите. Само внимавајте да не ги пренагласите очите, доволно ќе биде само маскара или можеби тенка линија со тушот
5. Природен изглед
Ако не сте премногу заинтересирани за шминка, или немате време за долгo шминкање, најдобро е да одите со лесен “природен” изглед. Маскара, малку кафена нијанса, “nude” кармин и highliter ќе ја истакнaт вашата природна убавина.