Време е за мандарини, а веќе три до четири мандарини дневно ја покриваат потребата од витамин Ц. Има многу добри причини зошто секојдневно треба да го јадеме овој плод.
1. Мандарините се добри за кожата
Мандарините ќе ѝ дадат сјај на вашата кожа. Витаминот Ц кој е во нив го стимулира обновувањето на сврзното ткиво, а високиот процент на витамин А, исто така, ја поддржува и функцијата на здрава кожа.
2. Мандарините ви помагаат да изгубите тежина
Ова вкусно овошје е добро за вашата линија. Мандарините го забрзуват вашиот метаболизам, а со тоа и слабеењето. Ниската калорична вредност ги прави диетална храна, а со конзумирањето воедно, ќе се заситите. Најдобро од сè е што мандарините ќе ве држат сити долго време.
3. Мандарините ги зајакнуваат коските
Освен за кожата, мандарините се исто така добри и за коските. Калциумот кој е од суштинско значење за здравјето на коските, нашето тело едноставно го апсорбира калциумот кој се наоѓа во цитрусите.
4. Мандарините го зајакнуваат одбранбениот механизам на телото
Мандарините се вистински имуно-бустер. Голема доза на витамин Ц ќе му помогне на телото да се бори против настинките и грипот.