Уметниците Скот Слагерман и Џим Фишман создаваат убави предмети од стакло и паднати дрвја …
Слагер и Фишман ја нарекоа оваа колекција Wood & Glass, но не дозволувајте нејзиното едноставно име да ве измами: за создавање на овие парчиња, потребно е широко познавање за работа на дрво и стакло. За да се произведе една скулптура, прво се црта дизајнот на дрвото, а потоа се отстранува неговиот централен дел. Потоа, стопеното стакло се дува во празниот простор, со цел, совршено да ги прифати неговите форми.
Слагерман е специјалист за обработка на стакло и е одговорен за спектакуларните бои на оваа колекција. Самата природа на стаклото, го привлече кон оваа уметност пред неколку години: “Начинот на кој стаклото се претвора од деликатно и чувствително во цврста состојба, а потоа во флуидна форма и повторно во цврста, ме фасцинира. Оваа супстанца мутира преку процес кој е и деликатен и опасен во исто време, а резултатите што ги дава се есенцијални и езотерични”