Дизенот со точки познат како “polka dots” е класика која никогаш не излегува од мода.
Точките најчесто ги гледаме на маички, лесни кошули или проsирни фистани, но тие не се резервирани само за летото. Точките во различни големини се враќаат оваа зима.
Дезенот со точките и ретро моделите ги наоѓаме оваа зима во колекциите на познатите модни куќи, а стилот на познатите ѕвезди кои ги носат, се најчесто со класичен капут или вештачко крзно. “Полка точките” се отпечатени на мини и миди фустани кои се комбинираат со високи чизми или пак се носат на широки здолништа во А крој, кои изгледаат одлично во комбинација со топли џемпери или свилени блузи.
Оваа зима, точките го најдоа своето место и на тенките свилени чорапи. Тие изгледаат убаво во комбинација со мал црн фустан и високи потпетици. Идеална комбинација за новогодишните забави.