Зградата на поранешната мексиканска амбасада во Стокхолм беше употребена за првата интернационална изложба на актуелниот јапонски бренд за мебел Ariake за време на Stockholm Design Week 2018.
Изложбата беше именувана A Quiet Reflection и мора да признаеме дека бевме навистина шокирани од концептот на изложување на современ мебел во напуштени простории, но кога доаѓа до креативноста на дизајнерите се трудиме да го елиминираме секој сомнеж. Сепак, мала реновација на просторот и освежување на ентериерот секогаш прават чуда, нели?
Брендот Ariake е создаден од две јапонски фабрики за мебел, Legnatec и Hirata Chair, а самиот збор означува „утринска месечина“ или „мугра“ и самата колекција беше ново поглавје на соработка на двете фабрики.