Дојде моментот кој сите го oчекувавме. Како и секоја година во овој период, се најави бојата што ќе ја одбележи следната година.
Минатата година (или сеуште оваа година) беше одбележана со зелениот шампион Greenery, а сега конечно, објавна е топ бојата за 2018 година.
Pantone ја објави својата пресуда, а главната боја за претстојната година ќе биде Ultra Violet (18-3838), односно нијанса на виолетовата.
Токму оваа боја насекаде ќе ја гледаме во 2018 година, во продавниците, во нашите гардеробери, на улиците, повеќе или помалку, во секој агол каде ќе погледнеме.
Станува збор за интензивен и сјаен виолетов тон, кој според Pantonе, укажува на оригиналност, остроумност и визионерско размисливање кое нè води кон иднината. Таа е боја која беше вистинска муза на многу уметници како на Jimi Hendrix – Purple Haze, а потсетува на мистерија и ноќ, медитација и мир.