Дозволете да Ви ги претставиме победниците на нашиот неделен фото натпревар на Instagram!
Лазар Зафировски
Лазар Зафировски активно се занимава со фотографија веќе две години, а зад себе има искуство како фотограф на настани и приватни фотосесии. Неговата фотографија е направена во Чикаго со професионален апарат и ја означува симбиозата на зајдисонцето и урбаната архитектура. За него најомилен предизвик е уличната фотографија.
Контакт со Лазар можете да воспоставите преку Facebook, Instagram или e-mail (lazarzafirovski@yahoo.com).
Николија Колевска
Николија Колевска е аматер кој се стреми кон професионализам. Нејзин најголем предизвик е да фотографира романтични сцени. Фотографијата е направена со мобилен телефон и потоа е едитирана со алатките на Instagram.
Контакт со Николија можете да воспоставите преку Facebook, Instagram или e-mail (nikolija.kolevska@yahoo.com).
Нинослав Антоски
Нинослав Антоски себеси се смета за аматер кој се стреми кон професионализам. Негов најголем предизвик е фотографирање на портрети. Неговата фотографија е направена со професионален фотоапарат, а е уредена со Lightroom и VSCO.
Kонтакт со Нинослав можете да воспоставите преку неговиот Instagram.
За да учествувате на нашиот неделен натпревар треба само да не означите на Вашата фотографија (@divian.arts) и во описот да го вметнете нашиот хаштаг (#divianarts).