Остана помалку од месец дена до Нова Година, дали почнавте да се подготвувате?
Од резервации и планирање на патувањето, до потрага по идеални комбинации на облека, целата еуфорија околу новогодишната ноќ може да биде многу заморна. Но, сепак, ние решивме да ви помогнеме малку и да побараме некои комбинации кои ќе ви послужат како инспирација за оваа посебна вечер.
Се обидовме да пронајдеме повеќе разноврсни, елегантни и прифатливи фустани, така што секоја дама би можела да избере нешто за нејзиниот вкус. Исто така, гледавме фустаните да можете да ги носите и по прославата, како преку ден, така и на вечерните излегувања, во кои не ви треба премногу гламур. Во галеријата ќе најдете некои од најголемите трендови на сезоната, како кадифе, ѕвоно ракави и светликави материјали, но и предлози за чевли и додатоци кои се многу важен детал за празничниот стил.
Уживајте и најдете ја вашата омилена комбинација за новогодишната ноќ!