Мора да се согласиме дека вистинското пријателство не познава граници!
Доколку не можете да им верувате на своите уши кога некој ќе ви каже дека два златни ретривери, Ватсон и Кико се најдобри пријатели на еден мачор, Хари, тогаш можете да се уверите на своите очи преку фотографиите кои можете да ги погледнете подолу. Нивна омилена заедничка активност е претпладневната, и попладневната дремка, а особено дремката приквечер!
На нивниот 23 – годишен сопственик омилена активност му е да ги фотографира овие забавни пријатели и да ги споделува на Instagram!