За денес одбравме една прекрасна комбинација од брендот Манго.
Кадифе, свила и топло крзно – три ткаенини кои се идеални за ладните есенски и зимски денови. Ви предлагаме да одберете елегантни панталони од кадифе со долги ногавици, свилена кошула со машна околу вратот и зачинете го целиот изглед со топло кратко крзно.
Сите овие прекрасни парчиња доаѓаат во прекрасна палета на пудрести и неутрални тонови. Комбинирајте ја оваа комбинација со топли и удобни чизми, а кога станува збор за свечена или новогодишна ноќ, можете да комбинирате – со елегантни сандали со каиш околу зглобовите и металик чанта.