Не постои подобар начин да додадете природни детали на вашата зимска и празнична декорација од совршени елементи направени од зимзелени растенија. Зимзелениот декор не е базиран само на новогодишна елка, но со зимзелените растенија во домот мириса на зима, а не претставува никаков товар на буџет бидејки го има во природата.
Ghirlandini или венци од зимзелени растенија
Венците се најпопуларна зимска и празнична декорација, тие се погодни за надворешни и внатрешни услови. Бујните зимзелени венци, можат да бидат опремени со бобинки и гранки од еукалиптус или без додатоци и така да изгледаат совршено и да го внесат чувството на природата во вашиот простор. Оваа декорација можете да ставите на својата врата, скали, на sидови или на било кое друго место во вашиот дом.