Топла јакна, трендовски капут, квалитетна торба, пар фармерки кои стојат како втора кожа, шал, капа и ракавици – се неопходни модни парчиња кои ќе нѐ пратат се до пролетта. Изгледа дека сте подготвени за претстојната модна зима. Но, што е со чевлите?
Оваа сезона акцентот е ставен првенствено на удобноста. Заборавете на неудобните чевли, носејќи резервен пар во автомобилот, потечени нозе и жуљеви. Изберете модели кои се пред се удобни, во кои можете да го поминете целиот ден на нозе. Чизмите до зглоб се неопходен дел од есенската и зимската гардероба. Овој едноставен пар чевли совршено се комбинира со различни комбинации, а притоа никогаш не излага од мода. Удобни, практични и топли – во нив ќе можете да пешачите километри, а при тоа да бидете во тренд.
За обожавателките на класиката, тука се светло кафените кожни чизми до глужд – трендовски и класични, но доволно едноставни за совршено да се вклопат со секоја дневна комбинација.
Се вратија во мода и чизмите со нитни…