Gisele Bündchen не е повеќе број еден, барем кога станува збор за пари. Овој супермодел беше симнат од тронот на најплатените и најпопуларните модели по цели 15-години и тоа од значително помладата колешка.
Според Forbes младaта Kendall Jenner која има само 22 години, е најдобро платен модел во 2017 година. Прекрасната манекенкка заработи 22 милиони долари од проекти за врзани за моделинг, благодарение на нејзиниот профил на Instagram и соработката со Estée Lauder, Adidas и La Perla.
Во споредба со Kendall, Gisele Bündchen минатата година заработи “само” 17,2 милиони долари. Тоа е повеќе од 40% помалку од една година порано.
Gigi Hadid исто така, блескаше на листата на Форбс со 9,5 милиони долари, како и нејзината помлада сестра Bella со околу 6 милиони долари.