Кога почнуваат првите зимски денови, ништо не може да нè загрее така добро како шал, ракавици и капа. Покрај тоа што се практични и тешко дека без нив можеме да ги преживееме студените зимски денови, тие се фантастични модни додатоци кои ќе ги зачинат сите комбинации.
Освен тоа, ништо не ја спасува несредената коса како интересна капа, безброј пати досега нè спасила во тие денови кога немаме време или само воља да ја измиеме и фенираме косата. Исто така, ниските температури не се најсреќниот период за нашата коса. Ветер, снег и студ, ја прават косата посензитивна и подложна на кршење, така да капите се идеално решение за заштита на косата од зимски услови.
Од класичните капи како и оние во бои, украсени со помпом, бисери или ако се одлучите за беретка, која оваа сезона е повторно голем хит, сите нив можете да ги најдете во продавниците за мода низ градот.