Иако традиционално елките се украсуваат за пречекот на Новата година, некои се уште ја следат таа традиција, меѓутоа, сé поголем е бројот на луѓе кои почнуваат да ги декорираат своите домови од крајот на ноември.
“Во светот полн со анксиозност и стрес, луѓето сакаат да се дружат со работи и ситуации кои ги прават среќни. Новогодишните и божиќните украси, предизвикуваат чувства на детство и негрижа и се едноставен пат до детските среќни емоции “, вели психоаналитичарот Стив МекКоун.
Психотерапевтот и авторот на „13 Things Mentally Strong People Don’t“, Amy Morin, исто така верува дека носталгијата е активатор кој ги буди чувствата од минатото, а божиќните украси се еден од најдобрите начини за враќање во детството.
Ние апсолутно се согласуваме дека украсениот дом е извор на среќа и позитивни мисли, а празниците се шанса и да ги видиме најблиските, кои со денешниот начин на живот преполн со деловни обврски не ги гледаме често, а ова е најубавиот подарок што можеме да го добиеме за Нова година и Божиќ.
Освен тоа, малите лампички, свеќички и разни новогодишни и божиќни украси, на сите ни будат убави и топли чувства!