Последниве неколку денови Instagram е преплавен со овој невообичаен, а сепак толку привлечен медо капут. Блогерките веќе се спремија за студените денови кои ни пристигаат.
Станува збор за капут на моднниот бренд Max Mara, наречен ”Teddy Bear icons coat”. Овој огромен капут е направен од крзно на база од свила, со постава од вискоза, така да воопшто не сме изненадени што модниот свет ја загуби главата по него.
Заради високата цена од речиси 2000 евра, на многумина им останува само да сонуваат за ваков капут, но затоа за вас подготвивме најдобри алтернативи од тренди продавниците во градот.
Mango / Pull&Bear