Лондонскиот хотел Claridge, никогаш до сега не го разочарал светот со својата божиќна елка.
Во минатото, дизајнирањето на елката беше доверено на големите дизајнерски имиња, вклучувајќи го и дизајнерското дуо Dolce Gabbana, Burberry, Jony Ive и многу други. Досега, светот ги виде спектакуларните дизајни. Оваа година, честа да ја дизајнира елката во хотелот, во свој стил, му е доверена на германскиот дизајнер Карл Лагерфелд.
Елката во Клариџ е значајна работа за Лондон, нешто како елката пред Рокфелер Центарот во Њујорк. Ќе остане запаметена елката која ја креираше Burberry, која беше украсена со златни и сребрени чадори, кои беа асоцијација на Лондонскиот дожд!
Лагарфелд не дава никакви наговестувања за тоа како ќе изгледа неговата елка, а само кажа дека Божиќ за него, е најубавиот спомен од неговото среќно детство.
Во секој случај, нема шанси да видиме нешто до сега видено или вообичаено.
Што мислите вие, која ќе биде темата на божиќнота елка на Лагерфелд?