Откако веќе го одбележавме официјалниот почеток на постудената сезона, оние љубители на есента и зимата пронајдоа безброј причини за радост …
Некои уживаат во декорациите во домот, во есенскиот или во празничниот стил, додека други, уживаат во поедноставни работи, како што се чај или кафе. Шоља со топло кафе или чај може да ви го разубави цел ден, бидејќи претставува интересен утрински ритуал без кој некои не можат да трепнат со двете очи истовремено :)
Повеќето од нас припаѓаат на таа група и се посветени на потрага по совршена своја шоља.
Овој пат, решивме да ви претставиме една колекција на интересни шољи за чај или кафе, изработени од керамика, кои се вистински мали уметнички дела.
Шољата која посебно се истакнува во оваа група е, секако, украсената со кристали кои се појавуваат од едната страна.