Дозволете да Ви го претставиме победникот на нашиот неделен фото натпревар на Instagram, Филип Ѓорѓиоски.
Филип е креативец кој својата имагинација ја пренесува преку фотографија, преку која мајсторски креира алхемија и драма од скопскиот метеж. Зад себе има искуство со фотографирање на забави во Скопје и Прилеп.
Фотографијата е направена под мостот „Гоце Делчев“, наспроти Влада на Р.М. Употребена е техниката HDR, составена во Adobe Photoshop и довршена во Adobe Lightroom.
За соработка со Филип можете да го контактирате на неговиот Instagram, Facebook и email (filipp.gorgioski@gmail.com).
За да учествувате на нашиот неделен натпревар треба само да не означите на Вашата фотографија (@divian.arts) и во описот да го вметнете нашиот хаштаг (#divianarts).