„Rapana“ е првата улична библиотека во Варна, креирана од млади архитекти и дизајнери.
Кога зборуваме за моменталната ера на технологијата со смартфоните поставени на пиедестал, можеме да кажеме дека за жал на книгата во својата реална форма и опаѓа популарноста. За среќа, тимот од неколку архитекти и дизајнери од Бугарија, Yuzdzhan Turgaev, Boyan Simeonov, Ibrim Asanov и Mariya Aleksieva, осмислија и остварија одличен дизајн за една улична библиотека во Варна, се со цел да ја вратат популарноста на жолтите страници.
Дизајнот на библиотеката е во облик на школка, бидејќи Варна е позната како главен приморски град на Бугарија. Самиот дизајн е инспириран од природата и нејзините органски контури.
Со капацитет од 1500 книги, ние искрено се надеваме дека ќе биде максимално искористена од граѓаните на Варна.
Сепак, колку би било убаво читањето да е општо-прифатено хоби и вакви библиотеки да има во секој град. Книгите сепак ни ги прават мозоците интелегентни, а срцата емпатични.