Растенијата за детската соба треба внимателно да се одберат.
Најсоодветно е да бидат растенија во саксии кои ќе создадат посебна микро клима во просторот, да го смират детето, да го собираат вишок на прашина и да го освежат воздухот со кислород.
Бегонијта има корисни етерични масла, така да со неа можете да го замените филтерот за чистење на воздухот од бактерии и прашина. Покрај тоа, таа позитивно влијае на дишните патишта.
Hlorofitum
Ова растение со мали бели цветови како сунѓер го всмукува воздухот од прашина, нечистотија и штетни материи, а дава чист кислород.
Dracena
Драцената е способна да ги апсорбира испарувањата на такви опасни супстанции, како што е формалдехидот, кој доаѓа во лакираниот мебел.
Лимон
Во детска соба можете да ставите цитрусно дрво, особено лимон. Тоа е еден вид на дезинфекционо средство, бидејќи во просторијата во која расте лимонот, микробите кои предизвикуваат болести не се размножуваат. Дрвото на лимонот отстранува раздразливост и има смирувачки ефект, што е особено важно ако детето често се вознемирува и не спие добро.