Нашите баби, кралици во мини-производството на џемови, секогаш нè радуваат со тегла домашен џем. Иако ги обожуваме, време е и самите да направиме свој џем и тоа без многу шеќер.
Chia семињата, станаа чести гости на нашите чинии и смутија. Со нив предходно добро се запознавме, а денес ви носиме рецепт за џем од чиа семиња. Оваа супер храна е полна со незаситени омега 3 масни киселини, протеини и влакна. Звучи одлично и не бара кулинарски суперталент.
Овој чија џем ќе се вклопи во здравата и правилна исхрана:
Две шољички од вашето омилени овошје насецкајте го на мали парчиња и ставете ги во лонец 5-10 минути, односно додека плодот не почне да се претвора во кашеста маса.. Додадете 1-2 супени лажици мед и сок од лимон (износот на мед и лимон може да варира во зависност од киселината на овошјето, како и личниот вкус), а потоа измешајте со две супени лажици семки од чиа. Почекајте 5 минути додека смесата не се згусне, а потоа префрлете го џемот во теглички.
Чиа џемот е идеален за подготовка на колачи, да го додадете во јогурт, каша или мус, како и на традиционалниот начин со кришка леб.