Еден брз поглед на социјалните мрежи е доволен, за да забележите дека таканаречените буба столици ги има насекаде.
Стилот од средината на минатиот век со модерни и елегантни линии, ја прави буба столицата уникатно парче мебел, кое привлекува внимание.
Дизајнерската компанија од Копенхаген GamFratesi стои зад дизајнот на овие прекрасни буба столици. Тие најдоа инспирација во анатомијата и естетиката на бубачката, тврдат основачите Stine Gam и Enrico Fratesii. “Ја реинтерпретираме структурата на цврстата обвивка на бубачката, и како вистинската буба така и столицата, има тврд надворешен и мек внатрешен дел”.
Иако компанијата GamFratesi е гението кое стои зад оригиналниот дизајн и идејата за овој тип на стол, тие се поласкани од фактот дека нивниот дизајн е реинтерпретиран од страна на многу дизајнерски компании ширум светот.
Во моментов една, можеби дури и најпопуларна столица на денешнината, постои во многу различни контексти и варијации во однос на оригиналот, но секогаш го задржува уникатниот и препознатлив карактер на буба.