“Дора истражува” е еденд од најпознатите цртани филмови во кој децата и возрасните уживаа во него. Цртаниот филм за авантури, во кои главниот лик е слаткото седумгодишното девојче Дора, децата ширум светот ги “залепи” на екраните.
Серијата цртани филмови “Дора истражува” беше создадена во 1999 година, а од 2000 година редовно е прикажувана на телевизија.
Со текот на времето, Дора стана главен лик на компјутерските игри, па само беше прашање на време, кога ќе стане главна ѕвезда и на филм. Ни се чини, дека нема да чекаме долго за тоа. Michael Bay, продуцент познат по филмовите „The Texas Chainsaw Massacre“ , „Friday the 13th“, „Pearl Harbor“ и многу други, објави дека ќе направи филм во кој главниот лик ќе биде Дора.
Иако деталите за снимањето се уште не се познати, ниту актерите кои треба да учествуваат во филмот, се верува дека филмот може да го види светлото на денот во 2019 година.