Забавното 3D latte, е новиот тренд меѓу бармените. Млечниот мус од кафе, како да сака да излезе од шољата!
Оваа година, консумирањето на кафе стана помодерно од било кога. Не се работи за класичното “мало црно”, туку за млечното latte.
“Coffe in a Cone” е популарен пијалок во корнет од сладолед, а потоа се појави и Avolatte – кафе во пола авокадото. За оние кои не сакаат кофеин, а сакаат некоја стимулација, создадени се пијалоци базирани на супернамирници.
Една девојка, 17-годишната Dafne Tan, излезе со идејата да создаде 3D latte.Нејзиниот “изум” стана голем тренд на Instagram и инспирација за сите шанкери и бармени! Време е да ги заборавите обрасците во облик на срце во вашата шоља кафе, бидејќи сега млечната пена има нова улога. Таа се претвора во пици или животни кои изгледаат како да сакаат да излезат од чашата.
Чекаме овие шармантни деликатеси да стигнат и во нашите кафулиња! Погледнете за што станува збор!