Француското дизајнерско студио Harow создаде маса со оригинален изглед.
Користејќи дигитални слики од архивата на НАСА, дизајнерското студио Harow, дизајнираше површина која ја реплицира вистинската површина на природниот сателит на Земјата – Месечината. Аполо 11, името на масата, се состои од извајана fiberglas плоча во форма на месечев кратер. Преку овој дебел сегмент има слој од смола кој му овозможува на секој детаљ да биде целосно видлив и во исто време, ја прави површината на масата рамна.
Ногарките на масата се направени од алуминиум и месинг, во посебна форма која наликува на платформата на бродот “Аполо” и претставува омаж на многубројните мисии во кои учествувал.
Погледнете како изгледа овој уникатен модел на маса.